Загинати повеќе од 40 украински војници, Украинците чекаат во колони за влез во Молдавија – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 12:21 PM

Загинати повеќе од 40 украински војници, Украинците чекаат во колони за влез во Молдавија

Повеќе од 40 украински војници и околу 10 цивили загинаа во првите часови од руската инвазија на Украина, изјави Олексеј Арестович, член на Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

„Знам дека повеќе од 40 се убиени и неколку десетици ранети. Знам за речиси 10 цивилни загуби”, изјави Арестович.

 Молдавија соопшти денеска дека го затвора својот воздушен простор, како одговор на руската инвазија во Украина. Од друга страна, Белорусија информираше дека ќе затвори само „дел” од својот воздушен простор.

„Набљудувајќи ја ситуацијата во регионот, Врховниот совет за безбедност препорача да се затвори воздушниот простор на Молдавија”, напиша на Телеграм, заменик премиерот Андреј Спину.

Тој додаде дека воздушниот простор ќе биде затворен од 12 часот по средноевропско време, како и дека „сите летови ќе бидат пренасочени кон други аеродроми”.

Белоруското Министерство за одбрана соопшти дека „затвора дел од својот воздушен простор за цивилни авиони”.

Молдавија ќе воведе вонредна состојба и подготвена  е да прифати десетици илјади лица од соседна Украина, изјави денеска молдависката претседателка Маја Санду.

-Ќе им помогнеме на луѓето на кои им е потребна нашата помош и поддршка, рече таа.

Десетици автомобили чекаат во колони на границата меѓу Украина и Молдовија, наведуваат молдависките интернет медиуми.

„Молдавија денеска ќе го затвори својот водушен простор и ќе ги пренасочи летовите кон другите воздушни пристаништа заради безбедносната ситуација во регионот”, соопшти земеник премиерот на земјата, Андреј Спину, во пост на Фејсбук.

МИА

фото: BBC.co.uk