Деца без детство: Владислав од Донбас има само 10 години, а преживува трета војна и евакуација – ММС
ММС

Објавено на: 02/24/22 11:32 AM

Деца без детство: Владислав од Донбас има само 10 години, а преживува трета војна и евакуација

Децата кои беа евакуирани од Донбас во руската Ростовска област ќе го продолжат своето образование во училиштата во овој регион. Меѓу нив се десетгодишниот Владислав и единаесетгодишната Серафима, кои пристигнале од Стаханов, Луганск.
Момчето пристигнало со својата баба, а девојчето со нејзината мајка. Родителите на Владисав останаа во Донбас. Му недостигаат, но се надева дека наскоро ќе се сретне и прегрнe со мајка му.
Неговата баба Ирина Овсјаникова, вели дека детството на Владислав поминало во војни.

-Имаше само две години кога се започна. Не знае што се случило со неговите пријатели – оние што имаат роднини во Русија, вели, отишле кај нив … – А оние што немаат … не знам.

-Мојата пријателка Катја остана таму, и мојот пријател Глеб, не знам кој друг остана, а можеби и тие се евакуираа како нас – додава Владисав.
Баба му вели дека тој не спиел цела ноќ за време на евакуацијата. Разделбата од родителите кои останаа во Донбас, тешко му паднала.

-Ни велат дека се уште е рано за враќање иако мислевме дека ќе си одиме само два дена. Очигледно ќе останеме тука. Кога разговараме, ќерка ми ми вели дека се е во ред, да не се грижам, но многу и тешко што се раздели од синот, – вели Ирина.
Таа му помага на внукот да ги совлада училишните обврски. Наставниците од Донбас редовно им испраќаат домашни, иако веќе им е понудено да го продолжат образованието во Русија, бидејќи Ростовската област е подготвена да организира образовен процес за учениците од ДПР и ЛНР, а доколку е потребно, и психолошка помош и поддршка.

Ова е трет конфликт во Украина во последните осум години, како Владислав и неговата баба се во евакуација. Овсјаникова вели дека веќе нема сила и дека само сака да живее нормално.

Надеж за посветла иднина,  вели дека ѝ влеала веста дека Русија ги признала Доњецката и Луганската народна република.

– Конечно го доживеавме тоа.Сите живееме во нашиот град како едно семејство. Луѓето се уморни од се. Војната е најтешка за децата. Многумина од нив не ни знаат како е да се живее во мир. Се сеќаваат само на постојаното гранатирање и беспилотните летала кои постојано летаат над главата, вели Овсјаникова.

Владислав и неговата баба се сместени заедно со други бегалци од Донбас во хотел, на околу 80 километри од Ростов. Условите, посочуваат, се многу добри.

-Додека се шетаме низ градот, луѓето навистина сочувствуваат со нас. Многу сме задоволни што се толку љубезни и гостопримливи, што не сме сами во нашата тага – вели Ирина и додава:

– Колку и да е добро, дома секогаш е најдобро – заклучи таа.

Девојчето Серафима вели дека во нејзиниот град Стаханов било страшно, бидејќи постојано се пукало, а децата се плашат од тоа.

-Најавија евакуација, ни рекоа да ги земеме најпотребните работи и документи, зедовме што можевме и го напуштивме градот. Не превезоа со пет-шест автобуси. Сонувам повторно да се сретнам со својата најдобра другарка која остана во Донбас. Многу ми недостига. Секој ден разговараме и се допишуваме. Таа ми кажува што се случува. Сирените за тревога повторно се огласија. Многу се грижам за неа и се надевам дека се ќе биде во ред – вели Серафима.

Нејзината мајка Екатерина вели дека во Донбас е „тешко“, но се надева дека војната конечно ќе заврши и дека наскоро ќе се врати дома.

извор и фото: rs.sputniknews.com