На денешен ден, 24 февруари 1938 година, во Њу Џерси започна продажбата на четки за заби, најмногу слични на денешните. Тоа беше првата четка изработена со вештачки, најлонски влакна.
Претходниците на денешните четки за заби потекнуваат од Кина кон крајот на 15 век, а биле направени од бамбус и влакна од дива свиња.
Англичанецот Вилијам Едис започнал со производство на четки за заби во 1780 година и стекнал големо богатство продавајќи ги во Велика Британија.
Во Америка, слична четка беше направена дури по повеќе од половина век. Имаше коскена рачка, а влакната беа од влакна од свиња.
Но, од 1938 година четката за заби почна да се усовршува и денес е еден од најважните производи за лична хигиена.
Стоматолозите потсетуваат дека четките треба да се менуваат на секои два до три месеци.
извор и фото: informer.rs