Контроверзниот романски бизнисмен и долгогодишен прв човек на Стеауа, Џиџи Бекали повторно направи хаос во романскиот фудбал.
Човекот кој во претходните години има низа скандали сега води војна против вакцинираните фудбалери забранувајќи им да играат за неговиот тим затоа што вакцинатата ги правела немоќни!
Ставовите на ексцентрикот Бекали против вакцините се знаат подолго време, а во текот на пандемијата истакнуваше дека само луѓето кои примиле две дози, умираат во болница. Тоа е теорија на заговор во која се убедил себеси, но положбата која ја има во клубот му дава право сега да носи нелогишни одлуки.
Неофицијално, Бекали на фудбалерите од тимот од Букурешт им соопштил дека оние кои се вакцинирани нема да настапуваат за тимот, додека оние кои мамеле со потврди за вакцинација може да настапуваат. Овие информации се нов скандал во романскиот фудбал кој е познат по необичните ситуации.
Неодамна вработени во клубот Клуж се тепале пред српски новинари по реваншот помеѓу Црвена Звезда и романскиот клуб. Ден подоцна тренерот Маријуш Шумудика доби отказ и не можеше да влезе во тренинг центарот.
Извор: Mondo.rs
фото: nytimes.com


