Херој на денот: Фудбалер кој ослепе од огномет, после 11 операции на очите се врати на теренот – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/22 1:19 PM

Херој на денот: Фудбалер кој ослепе од огномет, после 11 операции на очите се врати на теренот

Искусниот фудбалер Омар Елабделауи доживеа тешка несреќа со очите, но по долго опоравување повторно успеа да заигра фудбал!

Норвешкиот фудбалер Омар Елабделауи (30), поранешен играч на Олимпијакос и човек кој некогаш беше надеж на Манчестер Сити, по една година пауза се врати на фудбалските терени. Фудбалерот на Галатасарај, кој најдобро се снаоѓа на десната страна на теренот, за првпат играше по 2020 година, бидејќи на дочекот на 2021 година заработи тешка повреда користејќи пиротехнички средства.

Тогаш практично го изгубил видот, бидејќи огнометот му експлодирал во лице, а добил дозвола да се врати на теренот по големата борба и дури 11 операции на очите кои ги имал.

Во неговите очи матични клетки на неговата сестра биле вбризгувани, а овој многу скап третман бил направен во САД, каде лекарите се обиделе да му го вратат видот. Првите проценки биле дека има само 5 или 10 отсто шанси повторно да гледа, а тој се опорави доволно за да може да игра фудбал!

И заигра.  Беше на теренот сите 90 минути во големата победа на гостувањето кај Газиентеп (3:2). Со заштитна очила на лицето трчаше покрај десната аут линија во текот на целиот натпревар!

фото: Фејсбук