Ѕвездата на култната серија „Пријатели“, Метју Пери, реши да напише мемоари во кои ќе ги опише 10 години од снимањето на оваа серија, неговата љубов, но и борбата против зависноста. Според странски медиуми, Џенифер Анистон е многу загрижена дали Метју ќе ги открие деталите за разводот со Бред Пит во својата книга, кои ги криела цели 17 години.
Актерот Метју Пери одлучи да објави мемоари со наслов „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“, а на насловната ќе има негова фотографија.
„Толку многу се пишуваше за мене во минатото што решив и јас да кажам нешто. Подемите беа високи, падовите беа ниски“, изјави Пери за странските медиуми.
За време на снимањето на серијата „Пријатели“, Анистон била во врска и со Бред Пит, а разводот се случил во 2005 година, само неколку месеци по завршувањето на снимањето. Главните актери од серијата отсекогаш зборувале за тоа како се и приватно пријатели, па Метју е целосно свесен за еден од најистакнатите разводи во светот на шоу-бизнисот досега.
Џенифер е свесна дека Метју сака неговата книга да биде бестселер и дека приказната за разводот на неа и Пит ќе привлече огромен интерес. Тие се слушнале, изјави извор за Мирор, додавајќи дека сите мислеле дека Метју никогаш нема да ја предаде.
Да потсетиме, холивудската актерка стави крај на бракот со Бред на 7 јануари 2005 година, кога издадоа заедничко соопштение за медиумите во кое негираа дека причина за разводот е неговата врска со колешката од филмот „Господин и госпоѓа Смит“, Анџелина Џоли. Меѓутоа, само неколку недели по разводот, Пит е виден со Анџелина на различни егзотични дестинации во Африка.
„Има многу фази на тага. Тажно е, на нешто му дојде крајот. Тоа целосно те крши, те тера да се отвориш за чувствата. Кога се обидуваш да ја избегнеш болката, таа едноставно станува поголема”, рекла Џенифер тогаш.
извор: nova.rs