Путин подготвен на санкции – Руските банки го „изиграле“ Западот уште во декември – ММС
ММС

Објавено на: 02/23/22 11:08 AM

Путин подготвен на санкции – Руските банки го „изиграле“ Западот уште во декември

Проценките на руска агенција за рејтинг во врска со најавените санкции од Западот вели дека финансискиот систем на Русија е стабилен и нема да има поголеми потреси.

Банките од Русија увезле пари во странска валута во вредност од пет милијарди долари уште во декември 2021 што е двојно повеќе од истиот период во 2020 година. Тоа е направено како превенција во случај санкциите да предизвикаат зголемена побарувачка на пари.

Американскиот долар доминирал при овие транскации затоа што најголемиот дел од Русите практикувале да ја поседуваат оваа валута како заштита при евентуален пад на вредноста на рубљата или раст на инфлацијата што би било исход од странските санкции.

Валери Пивен, директор на агенцијата АКРА рече дека пресметките биле засновани на техничките извештаи кои банките месечно ги доставувале до Руската централна банка укажувајќи дека банките во ноември увезле 2,1 милијарди долари во странски валути.

Овој однос на увезени валути е далеку под 18 милијарди долари внесени во Русија кон крајот на 2014 година кога рубљата губеше на вредност поради санкциите по анексијата на Крим.

За потсетување, САД и ЕУ се подготвени да воведат моментални и остри санкции кон Русија како одговор на тоа што Владимир Путин официјално ги призна проруските региони Доњецк и Луганск во источна Украина.

Извор: Mondo.rs