Цената на гасот во Европа порасна утрово над 960 долари за 1.000 кубни метри, првпат од 14 февруари според податоците на лондонската ИЦЕ берза.
Цената на гасот од почетокот на годинава вкупно порасна на 2,8 отсто, а вчера поради сопирањето на сертификацијата на гасоводот „Северен ток 2“, Медведев се огласи на Твитер.
Заменик претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитри Медведев рече дека во Европа гасот ќе чини 2.000 евра поради сопирањето на проектот.
– Германскиот канцелар Олаф Шолц побара да се сопре сертификацијата на гасоводот Северен ток 2. Добредојдовте во новиот свет во кој Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за илјада кубни метри гас“, напиша тој на Твитер.
Извор: Mondo.rs
Фото: Mondo/Stefan Stojanovic


