Во фудбалската Лига на шампиони вечерва се одиграа два натпревара од четвртфиналната фаза по кои со убава предност се стекна Челзи, откако со 2:0 го совлада францускиот претставник Лил.
На „Стемфорд бриџ” стрелци на головите за „сините” од Лондон беа Каи Хаверц во 8. и Кристијан Пулишиќ во 63. минута.
Вториот вечерашен натпревар во елитното фудбалско натпреварување заврши без победник. Во Виљареал, истоимениот домашен тим и Јувентус одиграа 1:1.
Гостите од Италија први дојдоа во водство уште во првата минута преку Душан Влаховиќ. Изедначи Дани Парехо во 66. минута.
Реваншите се закажани за 16 март.
МИА
фото: skysports.com/