Вчера вечерта на социјалните мрежи се проширија гласини дека кралицата Елизабета Втора починала, но претставник на парламентот изјави дека тоа е точно.
Кралицата моментално се опоравува од корона.
Дури и познатиот портал за познати личности „Hollywoodunlocked” објави дека кралицата е мртва
– Извори блиски до круната не информираа дека кралицата починала, пишува порталот.
– Таа требаше да присуствува на свадбата на уредникот на британскиот Вог, Едвард Енинфул, но беше пронајдена мртва – се додава.
View this post on Instagram
Веста брзо стана вирална и покрај тоа што немаше соопштение од Бакингемската палата.
Дајо Окевеле, шеф на кабинетот на Домот на лордовите, рече дека веста за смртта на кралицата е лажен, пренесува порталот република.рс.
Бакингемската палата во неделата објави дека 95-годишната кралица боледува од благи симптоми на настинка, откако била позитивна на короната. Во вторникот, од палатата рекоа дека Елизабета сè уште страда од симптоми слични на настинка.
Се верува дека Елизабет била целосно вакцинирана, што вклучува и бустер доза.
Фото: Принтскрин Јутјуб