За службените мобилни на Град Скопје и општинските претпријатија скопјани ќе плаќаат 622.000 евра за две години – ММС
ММС

Објавено на: 02/25/22 11:30 AM

За службените мобилни на Град Скопје и општинските претпријатија скопјани ќе плаќаат 622.000 евра за две години

За службените мобилни телефони на општинарите во Град Скопје и тие во градските претпријатија скопјани ќе плаќаат  622.000 евра за две години.

Договорот со „Македонски телеком“ го склучил претходниот градоначалник Петре Шилегов, а во него покрај администрацијата на градот се опфатени и вработените во другите јавни претпријатија на Скопје.

„Дрисла“, „Паркови и зеленило“, „ЈУ Универзална сала“, „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“, „Комунална хигиена“, „ЈСП“ , „МКЦ“, „Зоолошка“, „Лајка“, „Градски енергетски системи“ се само дел од листата општински претпријатија чии службени броеви со претпрлата ги финансираат скопјани. Петплатите се од 100, 500 и 800 денари како и субвенциии за мобилни телефони, а сите заедно имаат 2.057 мобилни претплатнички линии.

Најмногу пари и броеви има за Град Скопје. Договорот со нив тежи речиси 173.000 евра.  Имаат 493 претплатнички лини од кои покрај тие со претплата од 100 и 500 денари, дури 117 се со највисоката претплата од 800 денари.

Договорот со „Дрисла“ е на 46.000 евра, имаат 92 броја од кои 25 се со највисоката претплата од 800 денари. Тој со „Паркови и зеленило“ е на 48.000 евра за 217 линии со 26 со највисоката претплата. А со Градски паркинг е склучен на над  57.000 евра за 94 линии од кои 28 со највисока тарифа. Договорот со „Водовод“ пак тежи речиси 77.000 евра, има 443 броеви од кои 18 се со претплата од 800 денари. И тој на Комунална хигиена чини 57.000 евра за 265 броја, од кои дури 65 се со највисоката претплата од 800 денари.

Покрај гратис претплатата, општинарите имаат и субвенции и за нови  мобилни телефони. Па така тие со претплата од 100 денари имаат субвенција за набавка на мобилен телефон од 2.000 денари, тие со претплата од 500 денари можат да набават мобилен со субвенција од 6.000 денари, а тие со 800 денари претплата од 9.000 денари без ДДВ.

(А.С.)

Но, не само општинарите зборуваат на мобилните телефони, кои им ги плаќаат грањаните. Пратениците исто така зборуваат и купуваат мобилни апарати на сметка на граѓаните. Колку плаќаме за пратениците може да прочитате овде.