Склучи договор за јавно-приватно партнерство вреден речиси 852.000 евра со чешката компанија „ИЦС Системи“ која има подружница во Охрид. Компанијата треба на Општина Сопиште да му даде енергетски услуги на јавно осветлување по ЕСКО модел- должна е да ги имплементира мерките за енергетска ефикасност и да овозмможи енергетска заштеда за Сопиште.
А Општината треба да му овозможи да ги добие сите дозволи и одобренија и да ја обезбеди целокупната документација во негова надлежност за имлементирање на мерките за енергетска ефикасност. Договорот е склучен на 96 месеци односно 8 години. Компанијата ќе треба да ги инсталира потребните делови и опремна и да ги заменува и одржува.
И според планот кој го презентирал во договорот треба да обезбеди за Сопиште заштеда на електрична енергија по специјална формула. А ќе мора да ја држи истата цена на енергијата која ја навел во тендерот, без разлика на таа која ќе ја набавува од снабдувачот.
ЕСКО гарантира дека ќе и заштеди на Општина Сопиште 758.000 евра за тој период, а Сопиште има и договорна казна ако ЕСКО не го испочитува тоа. Па така од гарантирана заштеда Сопиште има право на 33,42%, а ЕСКО 66,58%.
А степенот на постигнување на гарантираната заштеда ќе се следи на секои три месеци за да има реакција во случај на недоволна ефикасност или да се иницираат дополнителни нерутински прилагодувања.
(А.С.)
фото: Општина Сопиште


