Жител на демирхисарско со автомобил удрил двајца полицајци, а потоа прободел еден од нив – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 4:47 PM

Жител на демирхисарско со автомобил удрил двајца полицајци, а потоа прободел еден од нив

Вчера во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман, информираат од МВР.

Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив.

Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.