Проектот не е безбеден затоа се доцни со реконструкција со Универзална, рече Арсовска – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 2:48 PM

Проектот не е безбеден затоа се доцни со реконструкција со Универзална, рече Арсовска

Грешка и недостатоци во проектната документација е причина за намалениот интензитет на активностите за реконструција на Универзална сала, рече градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска на денешната средба со новинарите.

-Вистината е дека продолжувањето на било какви градежни активности  предвидени со првичниот проект значи опасност по безбедноста на гражаните. Затоа наместо планираниете столбови од претходното решение, треба да се зајакне со уште два дополнителни носечки столнови. Ова не се единствените проблеми, проектот е очигледно со серизони недостатоци. Според документацијата во моментов се реконстуира фасадата и кровот а внатре воопшто не е изработено ниту има проектна документација за изведба на ентериерот, рече таа и додаде:

-Изведувачот се соочува со низа проблеми кои се обемни, не се усогласени проектот и постојната состојба, како и низа неочекувани состојби со градежно-конструктивните елементи, односно воопшто непостоење арматури во ѕидовите, испукани армирани-бетонски плочи на сцената, неочекувани постојни темели на места каде не биле предвидени претходно. Да се направела соодветна анализа пред да се земе овој дониран проект и пред да почнат градежните работи веројатно вакви проблеми кои сериозно ја загрозуваат безбедноста на овој објект, не би биле во овој обем како сега, рече Арсовска.

ММС