Дрвократците и Полицијата во акција, запленети возила натоварени со огревно дрво – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 2:05 PM

Дрвократците и Полицијата во акција, запленети возила натоварени со огревно дрво

Не престанува бесправната сеча на дрва во источниот регион. Контролите и запленувањето на  натоварени возила, не ги спречува дрвократците. Најчесто полицијата ги наоѓа возилата како напуштени и нерегистрирани, а во позадината на овие незаконски активности најчесто се крие вешто разработена мрежа. Во текот на вчерашниот ден запленети се две возила, во карбинско  и беровско.

„Вчера  околу 15.00 часот во близина на с.Крупиште, општина Карбинци, полицики службеници од Полициската станица Штип пронашле патничко возило „застава“ без регистарски таблици натоварено со огревни дрва без соодветна документација, “информираата од СВР Штип.

Истиот ден но во вечерните часови, во с.Митрашинци, беровско, полициски службеници од Полициската станица Берово пронашле патничко возило „хундаи галопер“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на М.Т.(35) од с.Митрашинци. Возилото било натоварено со огревни дрва без соодветна документација.

Возилата и дрвата и во двата случаи биле одземени и предадени на Шумска полиција за понатамошна постапка.