Поранешната српска претставничка на Евросонг, Бојана Стаменов, ослабела дури 45 килограми.
Оваа вест ги шокира сите, особено што таа, додека и траеше промотивната турнеја на евровизиската песна секаде одеше со свое столче, бидејќи другите не ја собираа.
View this post on Instagram
Таа неколку пати досега на Инстаграм објаснувала која е нејзината тајна.
„Бидејќи општа фама за тоа како ослабев, па накратко, корона е, имам слободно време, нема работа. Внимавам што јадам. Нема волшебно стапче или хируршки зафати. Не сум на специјална диета. Ова го правам за себе, и секој треба да прави работи за себе, а не за другите. Јас сум одлично. Верувајте во процесот, секој што сака да направи нешто, го советувам да биде доследен“, вели Бојана Стаменов во видеото.
Бојана рече дека се откажала од слатки и тесто и дека вовела секојдневни прошетки.
-Секако дека исфрлив леб и слатки, воведов прошетки, но има и многу работи покрај тоа“, изјавила пејачката за медиумите.
View this post on Instagram