(Видео) Почина девојчето со ангелски глас, нејзината тажна приказна го расплака цел свет – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 10:39 AM

(Видео) Почина девојчето со ангелски глас, нејзината тажна приказна го расплака цел свет

Американската пејачка која го сплоти светот со нејзината тажна приказна,  Џејн „Nightbirde“ Марчевски, почина на 32-годишна возраст, ја загуби тешката битка со болеста.

Марчевски почина само шест месеци откако борбата со ракот ја натера да се повлече од натпреварот.

Пејачката, која го користеше уметничкото име Nightbirde, почина по повеќемесечно лекување откако болеста се прошири на нејзините бели дробови, ‘рбетот и црниот дроб, потврди извор близок до неа за ТМЗ.

Кога настапуваше таа го воодушеви жирито, па по настапот со песната „It’s Okay“ на аудицијата Симон беше толку трогнат што ѝ даде златно копче и ја испрати директно во финалето на натпреварот. Но, за помалку од два месеци објави дека мора да се откаже од шоуто бидејќи здравјето ѝ се влошило.

На Џејн ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2017 година и беше во ремисија кога се врати во метастатска состојба. Во 2019 година, лекарот ѝ дал само два отсто шанса да преживее, проценувајќи дека ѝ останале само три до шест месеци живот.

Таа повторно ја победи црната прогноза и беше во ремисија, кога ракот се врати во 2021 година по трет и, за жал, последен пат.

Таа до последен момент ширеше позитивна енергија и покрај сѐ што ѝ се случуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nightbirde ⚡️ (@_nightbirde)