(Видео) „Златното срце на Ноле“ – Новак израдува детенце во Дубаи – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 10:25 AM

(Видео) „Златното срце на Ноле“ – Новак израдува детенце во Дубаи

Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Дубаи каде беше пречекан со голем ентузијазам.

Навивачите го пречекуваат и во хотелот и внатре во комплексот на турнирот, а Новак се среќава со сите, дава автограми и се фотографира со нив.

Новак  на едно момче му дал подарок. Кога ја ставил раката во чантата за да го извади подарокот, момчето чекало со голема возбуда и гледало што ќе добие.

Ѓоковиќ му ја подарил својата маица во која настапува, а момчето со ентузијазам го прегрна и му се заблагодари.

На Твитер е поставено видеото со коментар:

„Златно срце имаш Ноле“.