Битолчани сакаат поштар да им ја носи пензијата дома – ММС
ММС

Објавено на: 02/22/22 10:17 AM

Битолчани сакаат поштар да им ја носи пензијата дома

Во Битола е зголемен интересот на пензионерите пензијата да ја добиваат во својот дом, лично доставена од локалниот поштар, изјави за МИА, Пеце Кондовски, директор на Пошта, подружница-Битола.
Според Кондовски, новиот позитивен амбиент и враќањето на традицијата поштарот да ја донесе пензијата во домот на пензионерот се должи на желбата да се биде рационален и да не се троши време на чекање во редици во услови на пандемија.
– Основен мотив за кампањата е да ја обновиме традицијата, локалниот поштар во нивниот дом да ја донесе нивната пензија. Така ќе придонесеме да нема непријатно чекање во редици пред банките, слободното време да се планира рационално и креативно, а директно ќе влијаеме за заштита на  здравјето и безбедност, и секако навремена и сигурна исплата на пензијата, посочи Кондовски.
Вработените во битолската Пошта во чија недлежност се 29 единици на поштенска мрежа во Ресен, Демир Хисар, Могила и Новаци, подготвени се да ги информираат пензионерите за начинот користење на оваа услуга.
– Нашето секојдневно присуство на терен во урбаните и руралните средини и секојдневните разговори со пензионерите кај нас го зголемија оптимизмот дека треба нашиот потенцијал да го ставиме во нивна функција, да им помогнемеме да му дадат довербата на својот поштар. Пријатно сме изненадени и од новата генерација пензионери кои сакаат да бидат практични и веднаш се одлучат на соработка со Пошта, нагласи Кондовски.

фото: dnepr.info