Пејачката Јелена Карлеуша ја заинтригира јавноста со врската со поранешниот фудбалер Душко Тошиќ. Познато е дека на Душко неодамна му истече забраната за приближување до Карлеуша, откако тој наводно ја удрил во семејната вила на Дедиње за Божиќ.
Меѓутоа, за Денот на вљубените, многумина мислеа дека Јелена го објавила подарокот што го добила од Душко, а потоа го избришала видеото, што дополнително ги подгреа шпекулациите.

Јелена по враќањето од настап во странство објави дека се одмара во својата куќа, а она што може да се забележи е дека во вилата е присутен мистериозен маж. Иако Карлеуша не го откри лицето, од овие кадри кои им ги покажа на следбениците на својот Инстаграм профил може да се заклучи дека станува збор за згоден тип.
Има и коментари дека тоа е Душко Тошиќ, па затоа намерно не сакаше да открие за кого се работи.
Извор: Република.рс


