Пејачката Ана Бекута не сака да дава изјави и интервјуа откако почина нејзиниот долгогодишен партнер Милутин Мркоњиќ.
Нејзините пријатели велат дека пејачката е скршена од тага, дека секојдневно зборува за својата Мрка, но сепак не сака да се откаже и да се предаде бидејќи знае дека тој воопшто не би го сакал тоа. Затоа Бекута редовно настапува, а денеска дојде да ја снима емисијата „Ѕвездите на Гранд“.
Пејачката со својот изглед ги шокираше сите присутни бидејќи веднаш се виде дека драстично ослабела.
– Ана и Мрка пред неговата смрт беа на посебен режим на исхрана и двајцата ја средија линијата. Меѓутоа, откако тој почина, Ана нема апетит. Лошо се храни, па ослабе уште повеќе – вели извор на Информер близок до пејачката.
Извор/Фото: Информер.рс