(Видео) Внимателно возење – Пожари крај автопатот од Скопје кон Велес – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 6:17 PM

(Видео) Внимателно возење – Пожари крај автопатот од Скопје кон Велес

Во моментов има големи пожар на автопатот од Скопје кон Велес. Потоќно на излезот од Скопје, кај Јурумлери.

-Има неколку пожари, не е еден. Гори сува трева. Нема опасност да се запали куќа или повредени. Но, ветерето дува и го разнесува. Екипите се на терен и не можам засега повеќе да кажеме, рекоа за ММС од Пожарна Скопје.

Иако станува збор за сува трева, сепак, пламените јазици се шират. На некои делови на автопатот има толку чад, па поради тоа и провидноста е намалена.

Се препорачува внимателно возење на овој дел од патот.

Орце Костов