Брегалница „богата“ со бактерии од фекално потекло што ја прави вода од Класа 4 (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 4:42 PM

Брегалница „богата“ со бактерии од фекално потекло што ја прави вода од Класа 4 (видео)

Три мерења во различни временски периоди, кога се очекуваат и промени во
водостојот и составот на водата, Медиа плус реализира како активност во
рамките на проектот „Утопија? Зелен Исток, бистри води“.Ова е обид со
независна експертиза да го дознаеме квалитетот на водите во Брегалница.
Мерењата ги спроведе Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип преку
овластената лабораторија АМБИКОН -УГД, во периодот од мај до ноември
2021 година. Примероците за анализите се земени од едно мерно место во
три периоди од годината на пролет, лето на есен. Пролетниот мониторинг е
извршен во време на поголем водостој, а летниот и есенскиот во време на
ниска кота на нивото на реката.

Теренските примероци во сите три мерења ги зема професорот Ѓорѓи Димов,
во близина на населбата Балканска. Локацијата е избрана така да биде на
почетокот на терасните седименти во кои се изведени бунарите за
водоснабдување на градот Штип.

Во овој период земени се три проби од вода за хемиска анализа, три проби
од речен седимент и две проби од вода за микробиолошка анализа.
Хемиските анализи (органолептички и физичко хемиски својства) на овие
композитни проби се извршени во лабораториите на УГД – Штип, а
микробиолошките анализи во Центарот за јавно здравје – Штип.
Видеото е илустрација на текот на оваа активност, со краток преглед на
наодите.