Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва ги стартува мини подготовките за претстојните два натпревари против Грузија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Според планот, македонските кошаркари ќе тренираат во салата „Борис Трајковски” во Скопје, а селекторот Драган Бајиќ изјави оти поради проблеми со издавањето виза за влез во Косово е принуден да пропушти еден од двата тренинга.
– Останав шокиран од информацијата дека не ми е дозволено да влезам во Косово и тоа без никакво образложение. Ова направи голем проблем на македонската федерација, бидејќи мораа да бараат алтернативни решенија како да стигнам до Истанбул, од каде што потоа летаме кон Тбилиси. Решението е најдено, но со напомена дека ќе мора да пропуштам еден од двата предвидени тренинзи, бидејќи ќе мора порано да тргнат кон турската престолнина, изјави Бајиќ за белградскиот весник „Српски инфо”.
Македонските кошаркари на 24 февруари и гостуваат на Грузија во Тбилиси, а реваншот е на 27 овој месец во Скопје.
МИА
фото: КФСМ