Нови 234 случаи на ковид-19, оздравеле 1.491 лице, починале 17 болни – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 3:13 PM

Нови 234 случаи на ковид-19, оздравеле 1.491 лице, починале 17 болни

Министерството за здравство информира дека, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа, направени се 1.318 тестови, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19: Скопје – 180, Кавадарци – 19, Куманово, Прилеп и Неготино – по 6, Велес – 4, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Битола, Струмица, Струга, Свети Николе, Дебар, Пробиштип, Кратово, Крушево и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (234), регистрирана е 31 реинфекција. Исто така, евидентирани се  1.491 оздравен пациент од: Скопје – 749, Тетово – 85, Битола – 73, Куманово – 69, Прилеп – 57, Струмица – 51, Кавадарци – 45, Велес – 42, Гостивар – 41, Охрид – 37, Гевгелија – 25, Кичево – 24, Радовиш – 21, Неготино ,Струга и Штип – по 20, Валандово – 19, Кочани – 12, Крива Паланка – 11, Богданци и Ресен – по 9, Свети Николе – 7, Крушево, Виница , Берово и Делчево – по 6, Кратово – 4, Демир Капија ,Македонски Брод и Демир Хисар – по 3, Дојран, Пробиштип и Дебар – по 2, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 12 починати лица: 3 од Скопје (72г, 74г и 76г), по 2 починати лица од Битола (81г и 91г), Куманово (77г и 81г) и Струмица (58г и 65г) и по едно починато лице од Кочани (60г), Охрид (64г) и Тетово (68г), сите во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковидот-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица од: Битола (1), Виница (1), Гостивар (1), Дебар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 61г. до 80г. Лицата за починати во период од 14.02. до 18.02.2022. Од нив,  3 се починати во домашни услови, а 2 во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 17 лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.871.411 тестирања. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 293.559, на оздравени пациенти е 278.326, на починати е 8.915, а бројот на активни случаи изнесува 6.318.