Испитниот материјал на студентката на Факултетот за драмски уметности во Белград, Ана Нинковиќ крена многу прашина не само во Србија, туку и во останатите балкански земји кои слушаат регионална музика.
Младата студентка укажа дека веселите песни кои ги слушаме на секоја прослава во ресторан, на свадба или коценрт или секој ден ден на радио, почнувајќи од Цеца Ражнатовиќ, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Рибља Чорба, Ана Бекута, Влада Дивљан и останатите, содржат мрачни текстови во кои жените се понижуваат, а мажите се шегуваат на сметка на насилството врз нив.
„Пред да побарам милост, соблечи ме, тепај ме со секоја солза“, „Јас сум твој роб, убиј ме!“, „За мое добро, гази ме, не дозволувај животот да ме гали!“, „Можете да ме галите, можете да ме силувате, можете да ме убиете, не е важно“, „Купив прстен, купив пушка, еден од тие двајца ќе го фрлам во реката“, „Сега ти е сино окото, те тепав од ќотек, страшни мои чувства, направи многу срања“…
Ова се само некои од стиховите на триесет и шест песни на српски, хрватски, босански и словенечки изведувачи, а некои од тие хитови се пуштаат секојдневно во ресторани и на домашни забави.
„Најстарата користена песна е објавена во 1981 година, а најновата во 2020 година, што значи дека овој наратив доминира речиси четириесет години во домашната популарна музика“, се вели во објаснувањето на видеото.
За проектот по предметот „Поп култура“ на ФДУ, Ана сакала да обработи значајна тема, но не очекувала дека ќе добие ваков одзив.
– Јас чувствував мачнина додека го правев материјалот, а и некои жени кои ми се јавија. Подоцна ги сонував и ги потпевнував овие песни затоа што ми останаа во главата. Но, таа филозофска реакција која се создаде и кај мене и кај жените, мислам дека тоа е важно – истакна Ана за порталот Zadovolnja.rs.
Таа објасни дека во нејзиното видео со компилации има и песни во кои е доминантно понижувањето на жената како ултимативен доказ за љубов. Тоа најчесто го пееле женските изведувачи, но од друга страна има и песни кои се однесуваат на самиот чин на насилство.
– Слушателот треба да заклучи дали е тоа пропагирање насилство, но секако е релативизација посевно кога имаме весела музичка подлога која не тера на игра. Во проектот има видео од настапи во живо на кои публиката игра со песни за насилство. Дури и кога целта е некој вид сатира или исмејување, тој кој пишува такви песни мора да обрати внимание тоа да биде јасно – рече Ана.
За многумина тие стихови се понижувачки поврзани за турбофолкот, но прегледот на Ана покажува дека не е така.
– Најмногу ме изненади што и јас имав став дека тоа ќе биде повеќе турбо фолк, но кога ќе се пребројат песните кои ги ставив, 50% се фолк, а 50 отство се други жанрови. Ме изненади колку машки песни има и кои жанрови ги има. За некои изведувачи оние кои коментираа, се налутија. Но, тоа не ми беше целта. Важно е двете страни тоа да го видат – и оние кои слушаат турбофолк и другите. Важно е двете страни да видат дека нивната музика не е подобра од таа на другиот – додаде студентката за својата анализа.
извор: Nova.rs
фото: printsreen/Zadovoljna.rs/Facebook