Од Штип до Скопје и назад ќе плаќаме 320 денари – Бесплатното патување по автопат завршува кон крајот на март – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 1:55 PM

Од Штип до Скопје и назад ќе плаќаме 320 денари – Бесплатното патување по автопат завршува кон крајот на март

Интензивно се работи на изградбата на двете патарини на патот Штип-Миладиновци, Преод и Кардифаково и се очекува тие целосно да бидат комплетирани до крајот на месец март, изјави денеска директорот на ЈПДП, Ејуп Рустеми, кој заедно со Премиерот Димитар Ковачевски и Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Цената се утврдува по километар, според Законот за државни патишта. Тоа значи 2,57 денари или за конкретните патарини, 50 денари- Преод и 70 денари – Кардифаково. Плаќањето ќе биде електронски. Тоа е подобра метода и тоа се поддржува и до ЕУ,“ изјави Рустеми.

За реакциите посебно на штипјани, кои сметаат дека е вистински грабеж за толку мало растојание да има дури две патарини и дали се размислува за корекција на цените, Рустеми, не даде конкретен одговор.

„Во контакт сме со Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и Владата  и во текот на оваа година ќе ги разгледаме сите можности, на кој начин и како ќе бидат цените на патарините, “ изјави Рустеми.

Што се однесува до двете свлечишта на автопатот Миладиновци -Штип, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски изјави дека професори од градежниот факултет веќе направиле увид на терен.

„Денес и утре тимови на Ј.П Македонија пат ќе извршат увид за да се констатира која операција од постоечките на терен можат да ја завршат како јавно претпријатие а за се’ она што ќе биде потребна поголема механизација, ќе биде избрана компанија на тендерска постапка, која што постапка веќе е во тек. Тоа значи дека се прават сите подготовки да се санираат овие две свлечишта и автопатот во целиот обем да биде пуштен во функција,“ изјави Бочварски.

В.Кр