Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот со иста цена – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 12:50 PM

Бензините поскапуваат за половина денар, дизелот со иста цена

Од полноќ бензините ќе се продаваат по цена повисока за половина денар, а дизелот останува со непроменета цена во следниот седумдневен период, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според денешната одлука, од утре Еуросупер БС-95, Еуросупер БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продаваат поскапо за половина денар, а цената на дизелот останува како од пред една недела.
Согласно новата одлука која ќе важи наредните седум денови, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98,  84,5 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по цена од 73,5 денари за литар. Дизелот останува на 74 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,430 денар/килограм и сега ќе изнесува 46,921 ден/кг.