Околу 17 отсто од студентите во Србија биле изложени на некаков облик на сексуално насилство на универзитетот. Од нив, околу 90 отсто се студентки, а околу 10 отсто се студенти, соопшти денеска Виктимолошкото друштво на Србија, јави Бета.
Според истражувањето спроведено од ова Друштво, по повод Европскиот ден на жртвите (22 февруари), повеќе од една четвртина од испитаниците познаваат студент кој бил изложен на некој облик на сексуално насилство на факултет, а најчестиот облик е вербално сексуално вознемирување.
„Ова е проследено со невербално сексуално вознемирување, физичко вознемирување и сексуално вознемирување со користење современи технологии, додека сексуалната уцена, силувањето и обидот за силување се најретките форми на сексуално насилство на факултетите“, се вели во соопштението.
Истражувањето, како што наведоа, покажало дека најголемиот број студенти повеќепати биле жртви на сексуално насилство, најизразено како вербалното вознемирување од сексуална природа, односно во повеќе од 78 проценти од случаите.
„Повторената виктимизација е висока и кај невербалното сексуално вознемирување (63,9 проценти) и физичкото сексуално вознемирување (55,4 проценти)“, стои во соопштението.
МИА
фото: Freepik