Жените треба да знаат-Тангите се опасни и предизвикуваат инфекции – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/22 9:00 PM

Жените треба да знаат-Тангите се опасни и предизвикуваат инфекции

Иако е едно од омилените парчиња долна облека на голем број жени, носењето танга гаќички може да биде опасно по здравјето на вагината.

Многу жени едноставно не можат да замислат друг модел на долна облека, освен танга, особено кога се планира заведување или интимна ноќ со партнерот. Други пак, не можат да ги „смислат“ затоа што се непрактични и непријатни, но повеќето не знаат какви се сите несакани последици што можат да ги имаат врз своето здравје. Имено, честото носење на овој модел на долна облека може да создаде вагинални инфекции, габични инфекции, но и кожни реакции како иритација или сува кожа. Ова се само дел од ризиците.

Здравствените проблеми започнуваат со уринарниот тракт и вагиналните инфекции. Тангите ја иритираат областа околу Бартолиновата жлезда која се наоѓа во предниот дел на вагината. Ако каналите што водат до жлездата се затворени, може да се развие циста.

Суштината е дека овој модел на долна облека ги иритира женските гениталии со тоа што не остава доволно простор за проток на воздух.

Како што покажале резултати од една студијата, постојаното носење танга гаќички го зголемува ризикот од добивање на габична инфекција поради дополнителната влага што се акумулира. Исто така, постои можност бактериите од анусот да се пренесат во вагината и обратно бидејќи тесната лента постојано се движи по интимните делови на телото.

Споменатиот модел на долна облека може да доведе и до болни реакции на кожата како што се сува кожа, иритација и инфекција. Сува кожа се јавува кога танга гаќите продолжуваат да ја иритираат чувствителната кожа. Доколку тоа не се забележи брзо, може да доведе до големи непријатности, непријатност, но и болка.

извор: zena.blic.rs