Историска прва титула на ТФТ во кошаркарскиот Куп – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 10:03 AM

Историска прва титула на ТФТ во кошаркарскиот Куп

Историска прва титула на ТФТ во кошаркарскиот куп

Кошаркарите на ТФТ го освоија вечерва првиот трофеј во клупската историја, откако триумфираа во финалето на македонскиот куп „Благоја Георгиевски – Буштур” над бранителот на титулата МЗТ Скопје Аеродром со 80:66 (41:37).

Во 29. кошаркарско финале, кое вечерва се одигра во СРЦ „Кале”, ТФТ доминираше над градскиот ривал во текот на целиот натпревар и заслужено дојде до трофејот во својот дебитантки настап во ова натпреварување.

ТФТ е деветтиот освојувач на кошаркарскиот куп во кој МЗТ Скопје остана на десет трофеи, колку што има и Работнички.

Најефикасен во редовите на ТФТ и на натпреварот беше Американецот Ландриус Хортон со 23 поени, а забележителен настап имаше и неговиот сонародник Амир Смит, кој оствари дабл – дабл ефект со 12 поени и 17 скокови, а беше прогласен и за најкорисен играч на завршниот турнир.

МИА

фото: КФСМ