Австралија повторно се отвора за меѓународни посетители ,по речиси две години. Земјата имаше некои од најстрогите забрани за патување во светот, по затворањето во март 2020 година поради пандемијата ковид-19. Тоа ќе донесе радосни семејни собири и ќе го зајакне туризмот.
На Австралијците и на некои други им беше дозволено да се вратат во земјата на крајот на минатата година, но повеќето странци мораа да чекаат. На 21 февруари во Сиднеј се одржа повторно собирање на луѓе кога стотици граѓани почнаа да пристигнуваат со летови.
Посетителите со две дози вакцина ковид-19, не мора повеќе да бидат во карантин, но невакцинираните патници ќе мора да се изолирани во хотел до 14 дена на сопствен трошок. Повеќе од 50 меѓународни летови се веќе закажани за 21 февруари. Патниците можат да влезат во сите земји, освен Западна Австралија, која останува затворена до 3 март, а за влез во земјата ќе биде отребен доказ за три добиени вакцини.
Какви прекрасни, прекрасни вести за нашата туристичка индустрија и 660.000 вработени во неа“, рече министерот за трговија, туризам и инвестиции, Ден Техан.
Техан рече дека се надева на силно закрепнување во туристичкиот сектор кој е погоден од домашните забрани за патување. Строгите рестриктивни мерки во земјата предизвикаа критики за разделувањето на семејствата и задушувањето на бизнисите, но тие исто така се заслужни за спречување на повеќе смртни случаи пред да станат достапни вакцините.
Австралија има околу 4.900 смртни случаи од ковид-19.
извор: avaz.ba