Подгответе ги чадорите – После сонце доаѓа дожд и снег – ММС
ММС

Објавено на: 02/21/22 7:22 AM

Подгответе ги чадорите – После сонце доаѓа дожд и снег

УХМР најавува дека денес ќе се случи тотален пресврт на времето, од убави и сончеви денови, до  дожд и снег.

Според нив, времето денеска ќе биде сончево и топло, но попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локален дожд, со ветер од југозападен правец. Температура  до 20 степени.

Во Скопје ќе биде сончево, а максималната температура ќе достигне 18 степени.

Под влијание на студена воздушна маса ноќеска и утре ќе биде облачно и ветровито со врнежи од дожд, а на планините снег. Ќе дува северен ветер.

Ваквото време ќе се задржи до четврток, а температурата ќе биде многу пониска во следните денови.

ММС