Од направени 3.974 тестови во последните 24 часа, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, соопшти Министерството за здравство.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од новите случаи во Скопје се 340, Битола – 43, во Куманово и Струмица по 33, Охрид – 30, Прилеп – 23, Тетово – 22, Кавадарци, Велес, Штип и Кичево – по 15, Гевгелија – 11, Струга и Богданци – по 9, Гостивар, Неготино и Свети Николе – по 8, Ресен и Дебар – по 5, Кочани, Крива Паланка и Демир Капија – по 3, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 2, Берово, Валандово, Виница, Кратово, Крушево и Демир Хисар по еден.
Од вкупниот број на позитивни (668), регистрирани се 81 реинфекции.
Регистрирани сe 887 оздравени пациенти од.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се седум починати лица. Тројца починати се од Прилеп (80г, 80г и 81г), двајца од Скопје (78г и 82г) и по едно починато лице од Куманово (75г) и Струга (60г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица, кај седум лица се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.870.093 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, на починати е 8.898 а бројот на активни случаи изнесува 7.595.