Поради точење алхохол на малолетници, кривична за угостителски објект во Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/22 12:34 PM

Поради точење алхохол на малолетници, кривична за угостителски објект во Радовиш

Во период од 19:00 часот на 19.02.2022 до 03.00 часот на 20.02.2022 година полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш спровеле акциска контрола во девет угостителски објекти на подрачје на Радовиш. При контролата, во еден угостителски објект било констатирано дека малолетни лица биле послужени со алкохолни пијалоци.

За настанот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “точење алкохол на малолетни лица” по член 204 од Кривичниот законик.

foto-mapio.net