Времето денес и сончево и облачно – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/22 11:51 AM

Времето денес и сончево и облачно

Времето денес ќе биде сончево со умерена, а повремено значителна облачност. Кон крајот на денот во крајните западни и северни делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со слаб до умерен северозападен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд.T= 16 °C, P= 980 hPa, U= 46 %, V= 3 m/s.

Утре ќе се задржи релативно топло, а услови за локален дожд ќе има попладне во крајните западни делови. Под влијание на студена воздушна маса во вторник ќе биде облачно и ветровито со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе се задржи до четврток, а температурата значително ќе се намали и ќе остане пониска и во следните денови.

Снежната покривка на Попова Шапка е 19 см.

УМХР