За шест часа казнети 215 пијани возачи, 65 во битолско – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/22 11:26 AM

За шест часа казнети 215 пијани возачи, 65 во битолско

Во текот на вчерашната вечер (19./20.02.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 215 возачи. Од нив 65 на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.