Мапирани 30 најкритични железнички премини во државава – ММС
ММС

Објавено на: 02/20/22 10:51 AM

Мапирани 30 најкритични железнички премини во државава

Нашите заеднички напори да ја подобриме железничката инфраструктура во Северна Македонија не треба да се фокусирани само на инфраструктура. Постоечката и новата инфраструктура треба да се одржува соодветно за да се зголеми безбедноста и да се избегнат несреќи, укажува Матеј Закоњшек, директор на Секретаријат на Транспортната заедница на ЈИЕ во интервјуто за МИА.

Премините, крстосниците и пругите, посочува тој, се едни од најчуствителните точки на сообраќај.
„Околу 55 отсто од сите несреќи на железничките премини се со фатален исход или тешки последици. Транспортната заедница заедно со сите регионални партнери и со поддршка од ЕУ мапираше 30 најкритични премини во Северна Македонија и работи на тоа да ја зголеми безбедноста преку подобрување на инфраструктурата и обука на вработените, информира Закоњшек во интервјуто за МИА.
Тој најавува дека ќе се спроведе кампања за подигнување на јавната свест низ целиот регион, како што вели, да ги предупредиме нашите граѓани за опасноста на премините, за важноста да бидат соодветно обележани и кои се сообраќајните правила кога треба да се вози таму.

миа

foto-arhiva