Симптомот на висок холестерол се забележува додека миете раце – Едноставен тест од неколку секунди – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/22 9:34 PM

Симптомот на висок холестерол се забележува додека миете раце – Едноставен тест од неколку секунди

Зголемениот холестерол е опасност по здравјето. Доколку е над дозволените граници се зголемува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања кои доколку не се лекуваат навреме може да предизвикаат тешки заболувања со смртен исход.

Кога оваа состојба „ќе се запушти“ и не заздрави навреме, може да се развие атеросклероза, опасна болест која е придружена со формирање на наслаги на холестерол во ѕидовите на крвните садови.

Експертите од клиниката „Мејо“ истакнуваат дека оваа состојба предизвикува стеснување на артериите и доведува до слаб проток на крв во телото. Во зависност од тоа кои артерии се зафатени, ќе се појават различни симптоми.

„Кога атеросклерозата ги стеснува артериите на рацете или нозете, може да настанат проблеми со циркулацијата во екстремитетите и болести на периферните артерии“, објаснуваат лекарите. Како резултат на тоа, рацете стануваат помалку чувствителни на топлина или студ, што го зголемува ризикот од изгореници и смрзнатини.

Тоа значи дека кога човек со висок холестерол, на пример, ги мие рацете, постои можност да изгори од топла вода бидејќи неговото тело не ја открива вистинската температура на која е изложена кожата. Покрај тоа, вкочанетоста на екстремитетите и намалувањето на температурата на површината на кожата се вообичаени симптоми.

Проблемот со високиот холестерол е што често останува незабележан додека не се појават сериозни последици. Покачените масти, по правило, ги погодуваат луѓето кои се занимаваат со таканаречени „седечки“ работи и страдаат од неухранетост.

Извор: Мондо.рс