Десетина минути пред 19 часот пред црквата се појавија три црни мерцедеси. Од првиот излегоа Тончи и Вјекослава Хуљиќ и влегоа во вториот влез.
Веднаш по нив Петар и Хана излегле од другиот автомобил и „со молскавична брзина“ влегле во Црквата.
Грашо само срамежливо им мавна на насобраните новинарски екипи.
Во моментов на вратата има двајца обезбедувачи. Се добива впечаток дека има повеќе новинарски екипи отколку дваесетина гости.
Церемонијата за која се зборува со денови започнува во 19 часот, а на неа ќе присуствуваат родителите на младенците Вјекослав и Тончи Хуљиќ и Зоран и Сњежана Грашо.
Како што веќе беше напишано, нив треба да ги венча нивниот омилен сплитски свештеник, отец Јозо Чирко, кој е на чело на парохијата Св. Доминика.
Извор: Слободнадалмација.хр