Протест во Битола поради високите цени на нафтата – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/22 3:26 PM

Протест во Битола поради високите цени на нафтата

Членови на „Кар клуб-Битола“ и нивни поддржувачи денеска одржаа мирен протест во Битола насочен против високите цени на нафтата и нафтените деривати во земјава.

Протестот се одржа на булеварот „1.Мај“, кој еден час беше блокиран од двете страни на коловозот, а застојот во сообраќајот го регулираше полицијата со пренасочување на споредни улици.

Членовите на „Кар клуб-Битола“ се вљубеници во автомобилите кои сметаат дека со големото поскапување на горивата оневозможено е нивното работење.

МИА