Временскиот период кога дневните температури, утрински во однос на дневните, варираат до 15 степени, е најлошиот период во годината за настинки, вируси и бактерии. Се наоѓаме во тој период од годината, па сега повеќе од кога било треба да знаеме домашни рецепти кои ќе ни помогнат брзо и лесно да ги исфрлиме бактериите од грлото и да ја решиме болката во грлото.
Чај од нане или камилица
Овие чаеви се полни со антиоксиданси и можат да помогнат при болки во грлото. Имаат антивоспалителни својства, па помагаат при болки во грлото.
Гаргара со солена вода
Потребна ви е млака вода во која ќе помешате малку сол и ќе направите гаргара. Може да го ублажи воспалението и да ги исчисти дишните патишта. Ова треба да се повторува на секои пет часа.
Лажичка мед
Без разлика дали кашлате или грлото ви е иритирано, една лажичка мед може да ви помогне. Можете да го растворите во млеко или вода со куркума. Антибактериските својства на медот можат да ја ублажат болката.
Извор: Б92.нет