Солена вода, мед, камилица? Кој е најдобар природен начин да ја победите болката во грлото – ММС
ММС

Објавено на: 02/19/22 2:37 PM

Солена вода, мед, камилица? Кој е најдобар природен начин да ја победите болката во грлото

Временскиот период кога дневните температури, утрински во однос на дневните, варираат до 15 степени, е најлошиот период во годината за настинки, вируси и бактерии. Се наоѓаме во тој период од годината, па сега повеќе од кога било треба да знаеме домашни рецепти кои ќе ни помогнат брзо и лесно да ги исфрлиме бактериите од грлото и да ја решиме болката во грлото.

Чај од нане или камилица

Овие чаеви се полни со антиоксиданси и можат да помогнат при болки во грлото. Имаат антивоспалителни својства, па помагаат при болки во грлото.

Гаргара со солена вода

Потребна ви е млака вода во која ќе помешате малку сол и ќе направите гаргара. Може да го ублажи воспалението и да ги исчисти дишните патишта. Ова треба да се повторува на секои пет часа.

Лажичка мед

Без разлика дали кашлате или грлото ви е иритирано, една лажичка мед може да ви помогне. Можете да го растворите во млеко или вода со куркума. Антибактериските својства на медот можат да ја ублажат болката.

Извор: Б92.нет