Нов систем за собирање пластика осмислен од 24-годишник – ММС
ММС

Објавено на: 09/10/18 8:00 AM

Нов систем за собирање пластика осмислен од 24-годишник

Брод, кој влече нов систем за собирање пластика, го напушти пристаништето во Сан Франциско и се упати кон „островот“ од ѓубре што го таложат струите во Тихиот Океан.

Собирачот е со должина од 600 метри и ќе служи како ограда во која треба да се собере и затвори пластиката која слободно плови по површината на водата.

Овој систем за собирање на пластика е дело на 24-годишниот Бојан Слат од Холандија, кој изјави дека со нетрпение ги очекува резултатите.