Светнаа рефлекторите и го означија стартот, емисијата Стадион од денес во ново модерно мултимедијално студио.

Минатата година заокруживме 30 години постоење, во 31-та влеговме со визија да се фати чекор со современите технички достигнувања.

Студиото, опремено со најнова современа технологија ќе отвори и нови можности, а патеките веќе се трасираат.

Она што слушателите го слушаа сега можат и да го гледаат преку нивните екрани. Со новата технологија Радиото стана Радиовизија.

Радио Канал 77 се слуша и се гледа.


