(ВИДЕО) Трик за одзатнување на мијалник кој ги воодушеви домаќинките – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 10:36 PM

(ВИДЕО) Трик за одзатнување на мијалник кој ги воодушеви домаќинките

Затнат мијалник од остатоци од храна и масни наслаги може да биде вистински кошмар. Помеѓу бројните совети за овој проблем на интернет, има и еден трик кој полуде многумина.

Неодамна на Инстаграм се појави видео во кое една жена открива како лесно да го издува мијалникот со помош на три состојки од дома.

Во видеото се објаснува дека оваа смеса помага дури и ако водата слабо тече, било од маснотиите или од насобраната храна.

 

Во отворот на мијалникот треба да ставите половина лажичка течност за миење садови. Потоа посипете половина шолја сода бикарбона, а потоа прелијте ја со две шолји алкохолен оцет.

Покријте го отворот во мијалникот со чиста крпа десет минути за смесата да делува.

И потоа истурете сè со топла вода.

Mногумина признале дека трикот функционира.

Дополнително биле воодушевени што целата процедура буквално не ги чини ништо, бидејќи веќе ги имаат сите потребни состојки во куќата.

Извор: Нова.рс