Запрен протестот на матичните лекари, проблемите ќе се решаваат на маса – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 4:03 PM

Запрен протестот на матичните лекари, проблемите ќе се решаваат на маса

Заврши средбата на која требаше да се зборува за решавање на проблемите на матичните лекари, кои утрово го почнаа штрајкот. Резултатот од оваа средба е да се создадат работни групи, кои најдоцна за две недели ќе починат да ги решаваат проблемите во примарното здравство.

-Ги увидивме забелешките и состојбата на лекарите од примарната здравстевна заштита. Се договоривме во најскоро време ке бидат формирани работни групи за поконкретно утврдување на приоритетите. Точна е забелешката дека навистина имаме од 1.463 медицински тимови од примарната здравствена заштита, скоро  една третина се на работ на егзистенција и добиваат едвај загарантирана минимална плата. Затоа ќе гледаме да допринесеме да останат мотивирани и во интерес на пациентите. Оние тимови кои имаат помалку пациенти, а дополнитело да се направат и нови тимови во помалите места и во руралните, да се обезбеди една загарантирана минимална плата за медицинската сестра и за лекарот за да се спречи  одлевањето на кадрите и затворањето на амбулантите. Оние амбуланти кои подобро работат и имаат вработено два или три дополнителни медицински тимови, за да нема нерамномерно плаќање од сопственикот на установата и кај нив за вториот и третиот тим да биде воведена загарантирана плата за да има рамномерност.

-Разгледавме и одредени казнени мерки, за кој леарите се жалеа дека се изрекувани од Фондот за здравство и во иднина за мали грешки казните да не бидат парични, туку опомена. Во иднина ќе има и други подобрувања во интерес на пациентите и во интерес на белиот мантил, изјави заменк министерот и најави дека најдоцна за две недели  ќе се формираат работните групи за да се започне решавањето на проблемите.

Претседателот на Здружението на матични лекари, Лидија Чолакова Дервишова е исто така задоволна од средбата и очекува да се подобри состојбата.

-Наше беше како Здружение да алармираме и да ги сочуваме здравствените установи во малите места, бидејќи е многу важно за нашите луге кои живеат таму. Ова ни е прва средба, ги пренесов сите проблеми на целокупното приватно здравство, режимот на пропишување, казнената политика.., да го задржиме дигнитетот на лекарот и апелиравме да се почне веднаш со работни групи и во сите групи да биде вклучен човек кој ги разбира и има позитивен став кон  нашите барања. Бараме континуитет во нешатата, како се менуваат директори и министри да нема застој. Протестот ќе биде прекинат, очекувам нашиот збор да стои и се надевам дека лекарската фела треба проблемите да ги решава на маса и зборовите да се претворат во дело, рече Чолакова Дервишова.