(Видео) Сите убавини на Попова Шапка ги дала природата – Со Адем Авзиу, генералниот директор на ЕЛЕМ ТУРС, за предностите и инвестициите на ски центарот – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 2:24 PM

(Видео) Сите убавини на Попова Шапка ги дала природата – Со Адем Авзиу, генералниот директор на ЕЛЕМ ТУРС, за предностите и инвестициите на ски центарот

Комерцијална објава

 

Скијачкиот центар Попова Шапка оваа зима беше главна атракција на љубителите на белиот спорт. Но, оваа природна убавина сместена во срцето на Шар Планина е недоволно искористе, а во неа треба дополнително да се влоѓува.

Адем Авзиу, генералниот директор на ЕЛЕМ ТУРС, кој стопанисува со центарот, вели дека ски центарот Попова Шапка има многу предности во однос на останатите во државата, но и во регионот.

-Попова Шапка има голема предност, за разлика од другите ски центри во државава, па и во соседството, бидејќи теренот е составен од самата природа, нема потреба да се интервенира со човечки фактор, за да создаваме терени за скијање. Без разлика на кое место на Попова Шапка имаме огромни терени каде може да поставиме жичара или ски лифт без претходно да се подготвува со механицазија, без претходно да се вложи многу труд. Во иднина планираме да воведеме ски лифт или жичара, бидејќи навистина ги имаме условите, вели тој.

Она по што меѓународно беше познат ски центарот Попова Шапка беше Шарпланинскиот куп, кој, за жал,  години наназад не се одржува, а беше еден од промоторите на државата во светот.

-Имаме предност бидејќи располагаме со лиценцирана патека од страна на ФИС, за меѓународни натпревари. На Попова Шапка се организира Шарпланински куп, кој бил покриен од претседателот на државата. Неколку години наназад е запрен овој куп, но планираме да создадеме нови услови и да ја продолжиме традицијата. Сепак, тоа било мегународен натпревар, вели Авзиу и додава дека предноста на Попова Шапка се и цените.

„Друга предност на Попова Шапка се цените, кои во однос на оние во регионот, па и во државата, се многу прифатливи. Многу сме ефтини во однос на патеките што ги имаме и одржувањето на тие патеки, за да бидат скијачите задоволни. Цената на дневната карта е 1.100 денари за скијање од девет до 15.30 часот, а сега како што се зголемува денот ќе го продолжиме до 16 часот. Во таа цена има плус 400 денари кауција, која му се враќа на скијачот, објасни тој.

Но, она што е рак рана е сместувачкиот капацитет и потребата од изградба на нови хотели, за да ги задоволат побарувањата на се поголемиот број скијачи и туристи.

-Ние имаме и тоа како потреба за реновирање на постоечките хотели, кои се во сопственост на државата. Тие се оставени така, стари капацитети кои не се одржуваат, но ние се трудиме да го извадиме максимумот. На Попова Шапка има простор за инвестиција за нови хотели, без оглед на тоа што Шар Планина е прогласена за Национален парк. Ние како ЕЛЕМ ТУРС  постојано сме во контакт со Министерствот за животна средина и со сите институции засегнати за овој процес и постигнат е договор дека заштитната зона не го опфаќа ски центарот Попова Шапка, а се со цел овој центар да се развива што повеќе, рече меѓу другото директорот.

ЕЛЕМ ТУРС е фирма ќерка на ЕСМ и стопанисува со сите туристички капацитети во сопственост на државата, а тоа се Попова Шапка, хотел Молика , ски центарот Копанки, летните туристички објекти како Ливадиште во Струга, одморалиштето во Дојран, апартмани во Свети Стефан во Охрид и мало одмаралиште во Маврови Анови.

Целото интервју со Адем Авзиу, генералниот директор на ЕЛЕМ ТУРС можете да го погледнете подолу во линкот: