Матичните се жалат дека не можат да работат со сметки за струја од 700 евра – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 11:57 AM

Матичните се жалат дека не можат да работат со сметки за струја од 700 евра

Матичните лекари од цела Македoнија денеска излегоа од своите амбуланти и протетсираа во знак на револт поради нерализација на нивните како што велат долгогодишни барања за кои никој нема слух.

„Крајно време е здравствените власти сериозно да стават приоритет еднаш на ниво на Влада решение на проблемите за докторите во примарното здравство, доктори, стоматолози, лаборатории, медицински сестри, квалитетни плати за да може да го следиме чекорот на трошоци за кои ќе ги направи во државата. Не може со 43.000 денари кои што добија колешките концесионери за сметки за струја од која капитација ќе платат и оние кои што се во мали места 18.000 минималец како би исплатиле ако и Владата не ни го покачува и бодот, а докторите и сестрите немаат наплата од пациентите, едноставно нема шанса како да опстојат овие амбуланти“, изјави претседателката на Здружението на матични лекари во Македонија, Д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Таа вели дека имаат коннкретни предлози и кои веќе ги имаат доставено во минатото до претходните министри, но од таму немало никакво поместување. Д-рЧолакова Дервишова, вели замислете само режимот на лекови да го поместиме онака како што предлагаат матичните доктори ќе се ослободат 3000 упати, а тоа се околу 2 милиони евра, таа вели неправилно се малтретира народот поради некои правилници на Фондот.

Доколку не се реши проблемот на матичните доктори и исполнување на нивните барања може да дојде до примена на план Б, комплетно затворање на амбулантите до конечно, целосно прифаќање на нашите барања.

„Ние во нашата изјава кажавме дека за итни случаи ќе се прифаќаат пациентите. Ние утрово бевме во нашите оридинации, луѓето кои што дојдоа прашаа, луѓето се на наша страна, свесни се тие дека потребни се овие доктори затоа што не постои ниту една друга институција која што е најгрижлива за нив и која што е најдостапна. Овие матични доктори беа достапни две ипол години од утро до вечер на своите телефони, амбулантите беа отворени, одмори имаме користено до крај,  голем број починаа матични доктори , голем дел вирусот си го однесоа дома дел од семејствата им починаа сметам дека заслужуваат почит и еден статус како што им доликува. Не мора цело време некои закони со знаменца да ги ставаат за приоритетни, нека го стави денеска Владата на прва точка за да се решат проблемите во примарното здравство, кое е столб на здравствениот систем“, изјави Д-р Лилија Чолакова Дервишова на денешниот протест на велешките матични доктори.

Докторите се соочуваат и со големи сметки за струја, откако цената на електричната земја од ануари оваа година поскапе. Една од велешките докторки се пожали на висока сметка за струја која вели дека не знае како, но ќе мора да ја плати ако сака да продолжи да им служи на пациентите.

„За месец декември добив струја и комуналии 45.000 денари, не е проблемот јас колку сум потрошила, меѓутоа има една огромна разлика меѓу струјата која што е од ЕВН, 11,7 денари, а нашата струја беше наплатена по 27 денари. Тешко, но морам да го исплатам тој дел, сите сметки треба да се платат. Трошоци изминатава година имавме и за дезинфициенци, маски ракавици за заштита на нас медицинскиот кадар и пациентите“, изјави велешката докторка.

Г.Д