Фатени двајца криумчари на мигранти и поднесена кривична пријава – ММС
ММС

Објавено на: 02/18/22 11:19 AM

Фатени двајца криумчари на мигранти и поднесена кривична пријава

Регионалниот центар за гранични работи Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против А.Р.(23) и А.Б.(28), двајцата од скопското село Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Пријавените, на 16 февруари во 20.50 часот на автопат Гевгелија – Демир Капија, кај клучката Миравци, движејќи се со патничко возило „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал првопријавениот, не застанале на знак за запирање од полициски службеници. Набргу потоа, возилото го оставиле на автопатот и се дале во бегство.
Во возилото биле пронајдени девет лица – мигранти, седум од Индија и по едно лице од Авганистан и од Пакистан, а исто така, по преземени мерки и активности биле пронајдени и пријавените кои биле приведени во полициска станица.